Русија го нападна пристаништето Измаил во украинската област Одеса на Црното Море и погоди два товарни брода што пловеле кон Одеса, соопшти утрово руското Министерство за одбрана преку „Телеграм“.

Според соопштението, нападнатите бродови превезувале товар за воена употреба.

„Вооружените сили на Руската Федерација синоќа продолжија со напади со беспилотни летала врз објекти на пристанишната инфраструктура во Украина, како и врз пловни објекти што дејствуваат во интерес на Вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението.