Портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес конференција објави приоритетни жеелби кој од избеганите да се врати во Македонија, меѓу кои не е приоритет Ива Михаилова, туку Никола Груевски, а бившиот директор на РЕК Битола и на ЕСМ, Васко Ковачевски, познат и како „струјарот на Заев“ не го ни спомна.
Радарот на Кузеска и на СДСМ се трга во друга насока, за да се обвини „радарот на власта“, и да се забошотат извештаите за Ива Михаилова со д-р Иван Барбов и неговите врски со Зоран Заев, Венко Филипче и СДСМ.
Можеби Кузеска и СДСМ на некоја друга прес-конференција нема да го заборават Ковачевски и ќе го стават и него на списокот на лица што треба да се вратат во татковината.
Во продолжение текстот од целата прес-конференција на Кузеска и поглед на скандалот со Михаилова преку визирот од радарот на Кузеска и СДСМ:

Скандалот со пуштањето на Ива Михаилова го откри договорот под радар, под маса направен во Софија. Муцунски договори, Тошковски ја пушти, Мицкоски одобри, границата е швајцарско сирење, а одговорност нема. Сега Мицкоски се плетка се повеќе во обид да го заташка скандалот, стои во соопштението од прес конференција на СДСМ.
На телевизија Мицкоски рече дека за случајот со Ива Михаилова ќе се жали пред НАТО и европските партнери.
А за Никола Груевски молчи.
Зошто не се жали, зошто со истата гласност и не бара негово враќање од Унгарија?
Ива е осомничена ама Груевски е осуден.
Каде е најавеното ново барање за екстрадиција на Груевски?
Во мај, пред 4 месеци, владата на Мицкоски најави дека кога ќе ги комплетира докуметните ќе поднесе ново барање.
Патуваа документите со денови, се собираа документите, не оваа среда следниот петок.
Потоа велеа дека чекаат да се формира нова Влада во Унгарија.
Поминаа 4 месеци ново барање за екстрадиција на Груевски не е пратено.
Уште една лага на Мицкоски.
Вистината е дека тој го штити Груевски и не сака да бара екстрадиција.
Времето потврдува дека Мицкоски се што ќе каже – лаже.
Криминалци штитат криминалци, тоа е суштината.
А за Ива, пред да се жали за некој друг, Мицкоски мора да ги даде одговорите дома. Не „кога тогаш“ туку сега. Не да го штити Тошковски, не да ја заменува одговорноста.
Правдата и законот мора да важи за сите подеднакво.
Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат.
Фото: Архива




