Катарска делегација денеска пристигна во Техеран, јави Ал Џезира, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.
Функционерот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека таа посета е дел од редовните контакти меѓу двете земји во период на зголемени тензии во регионот.
„Главната пречка за дипломатско решение не е медијацијата, туку одбивањето на САД да ги прифатат легитимните барања на Иран, како и нивното постојано непочитување на своите обврски“, рече тој.
Катар постојано повикува на мирно решавање на кризата и се обидува да ги обнови напорите за посредување меѓу Иран и САД, потсетува Ал Џезира.




