Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му ја честиташе на својот „пријател“ Луиз Инасио Лула да Силва победата на претседателските избори во Бразил, оценувајќи дека „демократијата и мултилатерализмот триумфирале во Бразил“.
„Партнерството меѓу Европа и Бразил се развива многу добро“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс.
„Ќе останеме покрај вас и во наредните години. Заедно ќе продолжиме тесно да соработуваме за унапредување на слободната и отворена трговија, светскиот поредок заснован на правила и амбициозните климатски цели“, додаде претседателката на Европската комисија по победата на левичарскиот претседател над конзервативецот Флавио Болсонаро во вториот круг од претседателските избори.
МИА




