Источните индиски сојузни држави, Андра Прадеш и Одиша, се подготвуваат за евакуација на стотици илјади луѓе пред доаѓањето на циклонот „Арнаб“, што се очекува заутре да стигне до копното на источниот брег.

Високопоставен претставник на Службата за управување со катастрофи на Андра Прадеш изјави дека властите идентификувале 570 илјади луѓе кои се изложени на опасност, како и дека евакуацијата ќе почне вечерва.

Владата на Одиша најави дека наредните два дена ќе бидат затворени училиштата и факултетите во пет окрузи. Воедно, се подготвува преместување на жителите од пониските подрачја во засолништа.

МИА