Најмалку 64 лица загинаа во железничка несреќа што се случи утрово во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, потврдија владини извори во Кастиља-Ла Манча. Претседателот на таа покраина, Емилијано Гарсија-Пахе, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем, пишува „Ел Паис“.
Покрај тоа, 80 лица се повредени, од кои 50 се во сериозна состојба.
Речиси 100 припадници на шпанската воена единица за итен одговор (УМЕ) беа распоредени на местото на тешката железничка несреќа.
Од оваа единица беше објавено дека ставиле на располагање екипи за пребарување и спасување, кучиња-трагачи, опрема за спасување на жртвите и екипи за медицинска и психолошка помош.
Воените сили им се придружија на бројни припадници на службите за итни случаи, полицијата, пожарникарите и Цивилната гарда кои веќе учествуваат во операцијата за спасување.
Un amigo está en el accidente de tren en Toledo, la situación es muy grave. https://t.co/KGYrghylLa
— RescueYou (@RescueYou247TW) October 28, 2026




