По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија

Ова во НАТКАСТ на КУРИР го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евоинтеграции.

-Исто, според мене, нискиот одѕив, на изборите во Бугарија е резултат на несоодветната понуда од кандидатите кои се номинирани за претседател на државата. Иако се претседателски избори, улогата на претседателот во политичкиот систем на Бугарија е нешто повлијателен отколку кај нас. Логично би било интересот да биде висок особено знаејќи дека е една од кандидатките е и актуелната претседателка на државата која долго време е во политиката и која е силно поддржана од политиката на актуелниот премиер, а поранешен претседател, Румен Радев, рече тој.

Наумовски посочува дека со релативно нова, свежа победа, од пред само неколку месеци, партијата на Радев не успеа да ги мобилизира сите гласачи кои гласаа за нив на парламентарните избори и оценува дека тоа е еден силен сигнал.

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски.

Наумовски анализира дека доколку дојде до победа на опозицискиот кандидат, кој е второ пласиран, со мала разлика, може да дојде до еден зголемен притисок за промена на парламентарното мнозинство таму, односно предизвикување на нови парламентарни избори.

Целото негово гостување на НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски, погледнете го во продолжение: