Натпреварот меѓу Работнички и МКК Куманово продолжи да носи последици и по неговото завршување.

Дисциплинските органи ги изрекоа казните за случувањата на теренот и трибините, а двата клуба заедно ќе треба да издвојат 148.800 денари.

Работнички, кој е казнет со вкупно 82.400 денари. Скопскиот клуб ќе плати по 30.000 денари за плукање кон службените лица и за фрлање тврди предмети од трибините.

Санкционирани се и кошаркарите. Говенс доби парична казна од 6.400 денари поради две технички грешки, додека Фатјон Реџа ќе мора да плати 16.000 денари за неспортско однесување кон публиката, по пријава на службено лице.

Ниту гостите од Куманово не поминаа без сериозни санкции. МКК Куманово е казнет со вкупно 66.400 денари, а најголемиот дел од сумата повторно се однесува на однесувањето на навивачите.

Кумановци ќе платат по 30.000 денари за плукање кон службените лица и фрлање тврди предмети. Стефан Фундиќ е казнет со 3.200 денари поради техничка грешка, а идентична сума ќе треба да плати и клубот поради техничка грешка на клупата