Актерот Владимир Зеленски според анкетите е најпопуларен кандидат за претседател на Украина, а забележан е и раст на рејтингот на актуелниот претседател Петро Порошенко.
Според резултатите од анкетата на Центарот за политички и економски истражувања Разумков, комичарот Зеленски, кој глумеше претседател во популарна телевизиска серија, има поголем рејтинг од Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Во анкетата учествуваа 6.000 испитаници, со можна грешка од 1,3 проценти.
И во други анкети Зеленски води, а неговиот рејтинг се движи од 19 до 23 отсто.
За високиот рејтинг на Зеленски придонесува и неговата популарност како телевизиска ѕвезда, но и разочараноста од актуелните лидери.