Нов ден, нова диверзија на екипата на Венко Филипче. По една недела ширење паника меѓу граѓаните, која власта и експерите ја смирија со вистината за штедните влогови во Алта банка, за кои гарантор е државата, СДС и денеска без трунка усул продолжува со руинирање на банката и директно работи против најдобриот начин за санација на состојбата – ПРОДАЖБА НА ИСТАТА.
Од првиот ден, пишува Курир во својата анализа, партијата на Филипче со план работи на намалување на цената на Алта банка, притоа глумејќи загриженост за граѓаните.
Така и денеска, екипата со големо искуство во банкарски измами во чија биографија се мега-аферите ТАТ и Еуростандард, ги брка можните купувачи на банката.
„Вистината е дека никој не сака да купи криминално портфолио на банка во сопственост на човек што до вчера држеше мала менувачница во Земун. Ниту една сериозна банка не би го презела тоа. Репутацијата е руинирана, капиталот е под сомнеж, истрагите се во тек во Србија, Црна Гора и ЕУ“, пиша и денеска СДС која свесно работи против санација на состојбите прелеани од соседна Србија, макијавелистички гледајќи шанса за политички поени.
Потценувањето на интелигенцијата на сопствените сограѓани до сега многу пати им се „удри од глава“ на социјалдемократите, субверзивна партија која со диверзии насочени кон државата веќе 35 годоини ја руинира Македонија. Сетете се само на катастрофалната транзиција, промената на знамето, привременото име, контаминацијата на правосудството, територијалната поделба, стопирање на изградба на Клинички центар, промената на исконското име, продажби на градски куќи, неаргументираната двојазичност, бркање инвеститори и финалето со антимакедонскиот француски предлог. Диверзии на секое поле, кои ден-денеска продолжуваат со крешчендото на обиди за девалвација на сопствената валута и руинирање на банкарскиот систем на државата.
Партија која се води од мотото „целта ги оправдува средствата“, во овој случај „елементарна“ цел – доаѓање на власт за да се остане на слобода.
Извор: Курир




