Претседателот на УО и Генерален директор на ЖРМ ТРАНСПОРТ, Дејан Кошутиќ, очекува дека надлежните државни институции, вклучително и Јавното обвинителство, со должно внимание и сериозност ќе ги разгледаат наодите и препораките од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и, во рамките на своите законски надлежности, ќе преземат соодветни активности за утврдување на евентуалните одговорности.
-Институционалната отчетност, владеењето на правото и утврдувањето на одговорноста се неопходни предуслови за враќање на довербата во железничкиот систем. Истовремено, неопходно е да се создадат услови менаџментот на ЖРСМ Транспорт целосно да се посвети на својата примарна задача – стабилизација на работењето, финансиска консолидација, обнова на возниот парк и спроведување на започнатите реформи за модернизација и развој на македонската железница, посочи тој.
Кошутиќ порачува дека минатото бара одговорност, а иднината бара работа, реформи и резултати.




