Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности, велат од владата на Република Македонија.
Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите.
Воедно, сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност.
Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите, стои во реакцијата на македонската Влада.




