Канада, чија крајбрежна линија е долга 243.000 километри и излегува на три океани, планира да набави систем за подводен надзор вреден меѓу 250 и 499 милиони долари, што користи дронови и сензори за откривање и следење закани, како и за собирање разузнавачки податоци за нив.

Во моментов, Канада за одбрана на крајбрежјето има на располагање околу 20 подводни дронови.

Според интерен документ до кој дошол Cи-би-ес њуз, претставници од одбраната минатата година разговарале за потребата од привремено решение за да се потврди суверенитетот на Канада над брегот. (МИА)