Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска од денеска до четврток присуствува на меѓународна конференција, чиј фокус се глобалните финансиски трендови, управувањето со ризиците, движењата на каматните стапки, пристапот до капитал, финансирањето и новите можности на меѓународните пазари.

– Од денеска до четврток учествувам на меѓународната конференција „Global Banking & Markets – CEE, Central Asia & Türkiye 2026“, која обединува високи претставници на финансиски институции, банки, инвеститори, компании и креатори на политики од регионот и пошироко. Конференцијата нуди можност за следење на актуелните случувања и размена на искуства преку бројни интересни панел-дискусии и презентации на еминентни експерти од меѓународниот финансиски сектор – напиша министерката на Фејсбук.

Таа додаде дека учеството на вакви меѓународни настани е можност за размена на знаења и искуства, воспоставување нови контакти и унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции и инвеститорската заедница, во интерес на економскиот развој на нашата држава.