Околу 4,500 службеници во шведскиот Завод за вработување останаа без работа поради буџетски заштеди и голема реформа на пазарот на трудот со што се гаснат десетици филијали ширум државата, пред се во помалите градови.

Државниот буџет за 2019 година изгласан во парламентот предвидел околу 386 милиони круни помалку за плати на вработените додека за 2020 – 800 милиони круни или вкупно – 4,5 милијарди круни помалку за програми на Заводот.

Одлуката за едно од најголемите укинувања работни места во историјата на Шведска била единствена можна последица за буџетските намалувања.

Во 240 филијали на Заводот има околу 13.500 луѓе што значи дека без работа останале една третина.