Историчарката проф. д-р Виолета Ачкоска, биологот проф. д-р Ицко Ѓоргоски и универзитетскиот професор проф. д-р Али Пајазити – во областа на воспитанието и образованието и ликовниот уметник проф. м-р Јован Шумковски – во областа на културата и уметноста, се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 година.

Одлуката на седница од 26 октомври 2026 ја донесе Одборот за доделување на оваа награда, под претседателство на проф. д-р Драги Митревски, а денеска ја соопшти Министерството за култура и туризам.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2026 во 11 часот во Собранието.

Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко државно признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.