Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, официјално го одобри Договорот за заедничка одбрана од Мека, потпишан меѓу Турција, Пакистан и Саудиска Арабија, објавено е денеска во турскиот Службен весник, со што е заокружен процесот на ратификација во Турција, откако парламентот го усвои претходно овој месец.

Турскиот парламент го ратификуваше договорот на 5 ноември, со што на Анкара ѝ се отвори патот да ѝ обезбеди воена поддршка на Саудиска Арабија во врска со нападите на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

Според договорот, напад врз една земја потписничка се смета за напад врз сите потписнички. Трите земји го потпишаа договорот за заедничка одбрана во Мека во август, поради сè поголемата загриженост од, како што наведоа, сè поагресивната американско-израелска војна против Иран.

Предвидено е претставници на трите земји денеска и утре да одржат состанок во Исламабад.

Турција ја има втората најголема армија во НАТО, во Саудиска Арабија се наоѓаат големите исламски светилишта и е еден од водечките светски извозници на нафта, додека Пакистан е единствената муслиманска држава што поседува нуклеарно оружје.