Улиците во преградие на североисточниот австралиски град Таунсвил, погодени од рекордно количество дождови и поплави, се преплавени со крокодили и змии.
Властите вчера беа принудени да ја отворат браната Рос, чиј капацитет беше тројно зголемен. Поплавени се повеќе квартови во кои живеат околу 20.000 домаќинства.
Напорите на вработените од сите служби за итна помош достигнаа горна граница. Портпаролот на Службата за пожари и спасување на Квинсленд изјави дека неговите колеги добиле 1000 повици за помош до понеделник наутро по локално време во последните 24 часа.
Австралиското метеоролошка скужба објави дека врнежите продолжуваат дека е мжно да наврнат до 300 милиметри дожд во некои области.