Во зградата на Обвинителството во атинската област Пиреја биле откриени 11 коверти со сомнителен прав, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, специјалната единица на грчката противпожарна служба ги презела ковертите, а пред објектот стигнале и полициски службеници, јави дописничката на МИА од Атина.

Еден од ковертите бил отворен од вработените во судот и откако забележале дека содржи сомнителен прав, веднаш ги известиле полицијата и противпожарната служба.