Пентагон се подготвува да ги повлече сите американски сили од Сирија до крајот на април. Тоа го објави „Волстри џурнал“ повикувајќи се на извори.

Според нив, плановите се главниот дел од контигентот на САД да биде повлечен до средината на март.

Во крајот на минатата година американскиот претседател Доналд Трамп објави одлука за повлекување на војниците на САД од Сирија. САД сега имаат таму околу 2.000 војници.

Се уште се чека администрацијата на Трамп да претстави план за заштита на курдските партнери од напади по американското повлекување од Сирија.