Најмалку 70 цивили загинаа или се повредени при воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД во сириската провинција Деир ел Зор, јави денеска сириската новинска агенција САНА.
Повикувајќи се на неименувани локални извори, САНА наведува дека при нападот погоден е камп со цивили.
Во вчерашниот напад на коалициските сили врз резиденцијалната област во Дамаск во предградието Ел Багузи загинаа четири цивили.