Петра Влхова стана светска шампионка во велеслалом за жени на светскиот шампионат во алпско скијање во Оре, Шведска.

Дваесет и три годишната Словачка допушти грешки во втората трка, но успеа да заврши пред фаворитите Викторија Ребенсбург и Михаела Шифрин.

Влхова финишира со вкупно време од 2:01.97 минути од двете трки и стана првата натпреварувачка од Словачка со светска титула во индивидуален старт во алпско скијање.

Експертот во оваа дисциплина, Германката Викторија Ребенсбург, олимписка шампионка во велеслалом од Ванкувер 2010, водеше по првата трка, но не успеа да ја одбрани предноста и остана втора во крајниот пласман на 0,14 секунди по победничката.

Олимписката шампионка во дисциплината од Пјонгчанг 2018, Микаела Шифрин од САД беше четврта по првата трка и по вториот спуст се искачи за една позиција напред и освои бронза со заостанување од 0,38 секунди по Влхова.

Натпреварувањето се одржа при многу силен ветар, што отежни на сите натпреварувачки.

Конечен пласман во велеслалом, жени:
1. Петра Влхова (Словачка) 2.01,97 минути
2. Викторија Ребенсбург (Германија) + 0.14 секунди
3. Микаела Шифрин (САД) + 0,38
4. Рагнхилд Мовинкел (Норвешка) + 0.50
5. Федерика Брињоне (Италија) + 0,87
6. Теса Ворли (Франција) + 1:09.вз