Шефот на Мекларен, Зак Браун не ја исклучи можноста Фернандо Алонсо да вози за тимот во 2019.
Предвидените за резервни пилоти Серџо Сете Камара и Ник да Врис се уште немаат суперлиценца, па мора да се имаат во предвид и алтернативни опции. Браун не прокоментира дали Алонсо може да се појави во точно таква улога, но и не отфрли слична варијанта.
– Фернандо се уште е дел од тимот со нашиот проект во Инди 500. Сметам дека во моментов не можеме да кажеме кој би бил резервен пилот, но сметам дека има доста пилоти, кои можат да одговорат дури во последен момент, рече Браун за време на претставувањето на новиот болид „MЦЛ34“.
Браун не исклучи и промени во распоредот за тестови на Мекларен, кои би ја отвориле вратата за Алонсо.
– Засега ќе ги следиме тестовите ден за ден. Фокусирани сме се врз првите пилоти. Секој пат кога почнуваме предсезонски тестови, и сме ангажирани со издржливоста и перформансите, треба да правиме план кој се менува од ден на ден, вели шефот на Мекларен.