Лажни вести за вакцините што се шират на социјални мрежи, помагаат за ширење на епидемијата на сипаници во Европа. Тоа го тврди шефот на Националната здравствена агенција на Велика Британија, Сајмон Стивен.
Тој изјави дека оние кои ја нагласуваат штетноста од вакцинирање добиваат на популарност преку употреба на социјални платформи меѓу кои Instagram, YouTube и WhatsApp.
– На глобално ниво секоја година вакцините спасуваат живот на два до три милиони луѓе. Но, како дел од движењето за лажни вести, антиваксерите добиваат на популарност, нагласи на посебна средба за тој проблем.
– Минатата година имавме тројно зголемување на случаи на сипаници во Велика Британија во споредба со претходните години, додаде Стивенс.
Противници на вакцинирање најчесто користат социјални мрежи за да шират конспиративни теории отфрлени одамна од лекарската заедница. На средбата биле разгледувани начини како да се спречи ширење на тие идеи.