Социјалистичката партија на Молдавија, која го поддржува претседателот на таа земја Игор Додон и се залага за обновување на односите со Русија, победи на парламентарните избори, потврди денеска Централната изборна комисија.
Според податоците, социјалистите освоија 35 пратенички мандати од 101 место во Парламентот, а веднаш зад нив е Демократската партија, која освои 30 места и проевропскиот опозициски блок Акум, кој освои 26 пратенички мандати.
На четвртото место е партијата Сор, која освои седум мандати.
Изборите во Молдавија се одржаа на 24-ти февруари