Во босанското место Козлук крај Зворник, полицијата била присилена да интервенира за да „исклучи“ од сообраќај човек кој одел пеш и кој бил пијан и се тетеравел на улица.

Тие процениле дека претставува опасност за другите минувачи и возачи.

Мажот идентификуван како Шемсо Б. (49) имал несреќа по весела ноќ да наиде на полициска патрола што контролирала сообраќај. По спроведен алкотест утврдено е присуство на 4,46 г/кг алкохол во организмот, се вели во соопштение од полицијата во Зворник.

Шокираните полицајци од резултатите го „исклучиле“ Шемсо Б. од движење по улица и го однеле во полициски притвор за да се отрезни.