Авион Боинг 737 Макс денеска принудно слета на Флорида поради проблеми со моторот.

На летот на Саутвест ерлајнс немало патници, туку само екипажот што го префрлал во складиште во Викторвил во Калифорнија.

Екипажот на авионот најавиле итно слетување кратко по полетувањето од Орландо поради што авионот се вратил на аеродромот во градот.

Тоа е уште еден во низата дефекти на моделот Боинг 737 Макс, последниот беше пред две недели кога се урна авион на Етиопијан ерјалнс и кога загинаа 157 луѓе. По тој инцидент, на американски компании им е забрането превезување патници со тој модел на авион.