„Форд“ чиешто седиште се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), ќе го прекине производството на автомобили во Русија.
Во соопштението на „Форд Солерс“, заедничката компанија на „Форд“ во Русија, се истакнува дека компанијата од јуни 2019 година ќе прекине со производството на патнички автомобили.
Се нагласува дека во Русија ќе бидат затворени два погона за склопување автомобили и една фабрика за мотори, и дека во рамките на преструктурирањето, заедничката компанија „Форд Солерс“ ќе биде префрлена на фирмата „Солерс“.
Високиот претставник на „Форд Солерс“, Адил Ширинов, во врска со затворањето на фабриките, истакна: „Одлуката што ја соопштивме денес и покрај тоа што е тешка е од клучно значење за долгогодишниот успех на Форд Солерс“.
Компанијата во Русија ќе продолжи да произведува лесни комерцијални комбиња.
„Форд“, во контекст на глобалното преструктурирање пред 3 години се повлече од пазарите во Јапонија и Индонезија.
Поради економските проблеми, минатата година во Русија бројката на произведени автомобили опадна на 1.560.000, а во 2012 година таа бројка изнесуваше 1.970.000 автомобили.
Експертите истакнуваат дека „Форд“ не може да се натпреварува на рускиот пазар, особено со брендовите од Јужна Кореја и Европа.