Сите знаеме дека здравите навики водат до долг и квалитетен живот. Но, има уште некои „цаки“.
Религиозните луѓе живеат подолго
Религиозните луѓе живеат до 6 години подолго од атеистите, вели Универзитетот во Охајо. Без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко – научниците велат дека тоа навистина ни помага да се справиме со стресот. Стресот е активирач на многу болести.
Сексот е спас, и најдобро е двапати неделно
Луѓето кои имаат секс помалку од еднаш месечно имаат двојно поголеми шанси да умрат порано, за разлика од оние кои го консумираат двапати неделно, велат научниците.
Да се ожениш
Женетите имаат помала шанса за срцеви заболувања од неженетите.
Чашка за подолг живот
Додека алкохолизмот често го скратува животот, чаша вино го продолжува. Американските кардиолози веруваат дека чаша црно вино за жените и две чаши за мажите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Дружете се
Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат животот. Тие се емоционална поддршка, ни помагаат да се справиме со стресот што се рефлектира во нашето стареење.
Престанете да јадете кога сте речиси полни
Окинавците, кои живеат на неколку јапонски острови, имаат најдолг животен век и често живеат повеќе од сто години. Која е нивната тајна? Престануваат да јадат кога се околу 80 проценти сити.
Пејте секој ден
Научниците од Харвард и Јеил откриле дека членовите на хорови живеат подолго, бидејќи пеењето го намалува стресот што предизвикува многу болести.