Топло време, со услови за нестабилност пороен дожд и грмежи најавуваат метеролозите за претстојниот празничен викенд.
Во наредните денови ќе се задржи топло време, сабота во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота. Во недела и понеделик ќе настапи преодно стабилизирање на времето со благ пад на температурата, соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од шест до 12 степени, максималната од 21 до 28 степени. Во сабота температурата ќе достигне до 25 степени, во недела 26 степени и понеделник до 25 степени.