Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, денеска присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.

Делегацијата положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и оддаде почит на големиот македонски револуционер.