Истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година што значи дека даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава.
По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Утре службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави кои од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани.
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, ќе биде донесено решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
– Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30.06.2019. Согласно законските одредби УЈП нема да носи решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход, појаснуваат од УЈП.