Познатата актерка и манекенка Бригит Нилсен на 55-годишна возраст, го роди своето петто дете.
Инаку ова е прво дете на данската актерка од сопругот Матео Деси, со кој е во брак од 2006 година. Бригит роди здраво девојче, а му дадоа име Фрида.
Актерката се породила без никакви проблеми во приватна клиника во Лос Анџелес. Таа зад себе има четири брака , меѓу кои и со познатиот актер Силвестер Сталоне.