Дунав секојдневно „транспортира” до Црното Море над 4,2 тони пластика, односно – 1,533 тони годишно, посочи романската асоцијација „Повеќе зеленило”. Таа органзиација денеска презентираше програма за борба и превенција на загадување со пластика во водите на реката Дунав.
Програмата наречена„”Со чисти води”, вклучува активности за чистење на брегот на реката Дунав во периодот од 5 јуни, кога се одбележува Меѓународниот ден на животната средина, до 29 јуни, кога е Денот на Дунав.
Иницијаторите на програмата планираат соработка со европски и светски институции како Меѓународната комисија за заштита на реката Дунав и организациите на ОН за животна средина и води, а во контекст на истражувањата кои откриваат дека загадувањето со пластика на светските океани е еден од најсериозните еколошки проблеми во светот.
Според проценки до 2050 година е можно во водите да има повеќе пластика отколку риби.