Вчера во 15 часот на улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, 24- годишниот С.А од Крива Паланка управувајќи велосипед удрил во 10-годишно дете од Крива Паланка.
Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Крива Паланка.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.