Зоран Засев го доставил предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието Талат Џафери, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.
-Претседателот на Собраноето го прими Предлогот и веднаш ќе го достави до сите пратеници, наведуваат од неговиот кабинет.
Дополнително ќе биде соопштен датумот за одржување на седницата.
Премиерот Заев, порано, денеска од Валандово, соопшти дека во Собранието ќе достави предлог за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии кажа дека ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.
Очекува собраниската седница за избор на новите министри да се одржи следната недела.