Адвокатот Јанаки Митровски им порача на новинарите ич да не му се плашат на генсекот Драги Рашковски, кој може да се заканува со тужби, но попусто.

„Нека ве тужи Рашковски за клевети и навреди до миле воље и назад. Праксата на ЕСЧП ве штити. Постојат десетици пресуди од Стразбур кои потенцираат дека не само што носителите на јавни функции мораат да бидат подложни на критичка опсервација, туку и дека нивниот праг на толеранција мора да биде многу повисок. (Макрадули против Македонија на пример најтазе). Ушите ќе ви јаде ич да не му се плашите“, пишува тој.