Алијанса за Албанците денеска пред канцеларијата на Народниот правобранител го изрази револтот за изборот на Насер Зибери за Народен правобранител и ја преименуваше канцеларијата на Зибери во канцеларија на Владата и ДУИ.

-Факт е дека Насер Зибери не е независен и самостоен, затоа нема да може да ги брани правата на граѓаните против владата, што значи дека тој не е и не може да биде Народен правобранител. Денес, на денот на неговата инаугурација, одлучивме симболично да ја преименуваме канцеларијата на Народниот правобранител, како што и навистина заслужува и ќе биде канцеларија на Правобранител на Владата / ДУИ. Во врска со ова, ги повикуваме сите институции на Европската Унија и амбасадите на пријателските земји, јавно да го осудат овој чин на заплена на државните институции, што не само што е во спротивност со Законот за народен правобранител, туку и со принципите на Венеција за Народен правобранител, изјавија од Алијансата за Албанците.