Демократскиот конгресмен од Калифорнија, Адам Шиф денеска јавно го повика американскиот претседател Џо Бајден да ја прекине кампањата за реизбор, повикувајќи го својот сојузник „да ја предаде кандидатурата на друг“.
Шиф, клучен конгресен демократ, го пофали Бајден, но рече дека се сомнева оти 81-годишниот актуелен претседател може да го победи Доналд Трамп. Тој го оквалификува Трамп како – закана за „самиот темел на нашата демократија“.