Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми на ТВ21 рече дека не се плашат од опозицискиот фронт како партија и по формирањето на политичкиот субјект од страна на Изет Меџити.
Адеми рече дека политичката сцена во земјава има многу актери, но само еден фактор, а тој, според него, е Али Ахмети.
– Кога зборуваме за постоечките опозициски партии Беса, Алтернатива. Би рекол дека има многу политички актери на политичката сцена на РСМ, но факторот е еден и единствен, тој е Али Ахмети, рече Адеми.