Претседателот на воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер, изјави дека Алијансата е подготвена за директен конфликт со Русија, пренесе Ал џезира.
Бауер изјави дека НАТО ќе одговори само доколку Русија ја премине „црвената линија“ со инвазија на една од земјите-членки на Алијансата, јави Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.
Тој додаде дека верува оти стратешката цел на Русија е да оди уште подалеку од Украина, на други територии на поранешниот СССР.