Адвокатот Меџан Даути ги отфрли обвинувањата за наводни „финти“ со употребата на албанскиот јазик за добивање на време во судскиот процес „ТНТ“, посочувајќи дека се работи за одолговлекување на постапката од страна на Судот.
– Што зборуваме за „финти“ или одлоговлекување. Ако Судот е ажурен, а сметам дека е ажурен, се работи за нивно одолговлекување на постапката. Да имаше преведувач, а знаеме дека во секоја институција има преведувачи, сметам дека доколку тие се ангажираат доказниот материјал и списите може да се преведат. Ако седиме така, нема да имаме такво нешто и овој предмет може да одоловлекува. Нема шанса да има одолговлекување на постапката 90 дена, за тие да се преведуваат, изјави Даути.
Сите барања, посочи Даути, што сум ги доставил биле и на албански и на македонски јазик, согласно Законот за употреба на јазиците.
– Сите тие списи и доказен материјал што го имаме во овој предмет, има доста контрадикторни реченици. Се зборува во разно разни докази каде што се користат и српски, па и бугарски зборови, а мене со еден јазик што веќе го имаме на сила со Законот за употреба на јазиците ми се скратува тоа право, изјави Даути, бранител на обвинетета Елисавета Најдовска.
Како припадник Албанец, продолжи Даути, сметам дека денеска мене ми се скрати ова право затоа што немаше ниту преведувач.
– Јас во сите расправи пред овој суд или пред други судови сум зборувал македноски, но имаме Закон за употреба на јазиците и сум побарал само поради тоа, изјави Даути.
Во однос на дописот од Адвокатската комора дека за да се биде адвокат, треба активно да се познава македонскиот јазик, Даути, рече дека тоа е нивна одлука и тој не може да влијае на тоа.
– Ако имам покана од страна на обвинителот при Адвокатска комора јас ќе се произнесам. Ако има нешто противзаконито и за тоа ќе се произнесам. Нема да има ништо спорно во овој случај. Јас ниту сум избегал, ниту се повикувам на тоа дека не го знам македонскиот јазик, рече Даути.