По Груби, паранојата стана новото „добар ден“ на Бихаќка. Инфантилноста, исто. Стравот од исказот на Артан, си го прави своето. Ги мести ДУИ, ги мести ВМРО-ДПМНЕ, за „местенките’ на ЗНАМ одамна знаат сите. Сега, како што велат самите – по неуспехот да ги ослабат одвнатре гореспоменатите, ги слабееле однадвор СРПСКИ И РУСКИ СЛУЖБИ?!?!?! Туку, што уште останало да се „слабее“ од урнисаната, цепки марихуанотворна партија? Дали на Венко и Зоран толку им гори под нозе? И повеќе…, пишува скопски Курир во својот текст.
СДС, очебијно, повторно претерале со иљачот на Јон. Ова е најкусиот опис на денешното луцидно соопштение во кое цикузантски велат „имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци“, итн.
Во патетичната теорија на заговор за „клекнување“ на партијата која коленичејќи ги стекна сите „успеси“ (промена на име, знаме, транзиција, територијална поделба, двојазичност, француски договори и сијасет други врвни државни „достигнувања“), СДС со сиот ум прашуваат и дали информациите за нив до актуелната власт стигале од српска или од руска служба?!
„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?
Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.
По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.
Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“, се вели во крајно инфантилниот исказ на СДС, поведен, мотивиран и инициран од нивната генеза и децениски удбашко-ознашки афинитети на следење и снимање на противниците, прикаска која трае цели 35 години…
Уплавот од Груби ја пушти парнојата на врхушката на најјако, па испаничените ајвани сега наликуваат на ликови малтене излезени од некој филм на Хичкок. Проблемот е што кај него, толку трагикомични кловнови никогаш немало.
Топла препорака на граѓаните по социјалните мрежи до уплашените и испаничени душички од СДС заради судбата коај ги чека по признанието на Груби, истрагата за рекетот врз Жан Митрев и марихуана-шверцот на 40-на тони „ганџа“ од поседот на нивните плантажери, е сите топ-тан да си уплатат колективен третман кај Баба Дара и Иван Исцелител, бајачка која во комбинација со многу дијазепами и хелекси ќе им овозможи помирен сон, отежнат од чувството на вина за стореното во периодот 2017-та-2024-та. Друго чаре, велат, немало. Аздисот и арамилакот во времето на владеењето да ти бил ТЕШКА ГЕОСТРАТЕШКА ГРЕШКА.
Замислете само, немале попаметна работа во српска БИА , па трошеле време и тешки ресурси гушнати со руската ФСБ за да ја ослабат и срушат дивоградбата од партија на Венко Филипче, која уште позамислете – ѓоамити некаква горостасна СДС брана не’ чувала од странски влијанија? Гарант, ја воскреснале и КГБ само и само за да се справат со кијаметот од можеби безрбетната и коленичарска, но и мега-опасна партија на Зоран Бонд и Филипче ХХХ. Партија на која и следуват групни часови по свирење клавир…
Нова, индолентна и урнебесна епизода од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“…
Колку се во паника или нешто, зборува неписмениот наслов на пресот на Богданка: „Српска или руска странски служби за Груби кажале, па ова е веќе циркус“. СРПСКА ИЛИ РУСКА СТРАНСКИ СЛУЖБИ?!?!





