Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со цвеќе и срдечно добредојде ја пречека американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер.
– Посакувам топло добредојде за Н.Е. Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на првата посета на МВР, објави Спасовски на англиски и на македонски јазик на својот официјален профил на Фејсбук.
Оваа вест е реобјавена и на официјалниот профил на МВР.
Инаку, амбасадорката Агелер по нејзинито доаѓање на служба во нашата земја ја отвори темата за кримиалот и корупцијата во Македонија.