Зошто САД не им помага на властите овде и не им ги даде сите детали? На ова прашање денеска во студиото на ТВ21 во ексклузивно интервју одговори амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Зашто приватноста е загарантирана со законот на САД. Не можеме да ви ги дадеме доказите што ги имаме, вели амбасадорката.

Посочува дека доколку доказите се изнесат, со тоа би се прекшил законот за приватност.

Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме ако ги отвориме случаите и ги споделиме доказите. Но поголем дел од тие докази, не сите, оти дел беа од извори во САД… Поголем дел од доказите се од овде, заклучува амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.