Кристина АГЕЛЕР, амбасадор на САД во РМ по повод независноста на САД
,,Добра вечер и ви благодарам што ми се придруживте да ја одбележиме 247-годишнината од независноста на Соединетите Држави. Честа на мојот живот е да ја претставувам мојата земја во вашата – да служам како американски амбасадор во С. Македонија.
Кога татковците-основачи на Соединетите Држави го изработија нашиот устав, тие пишуваа за стремежот кон посовршена унија. Стремежот не е конечно нешто, не е крајна точка – туку постојано стремење кон нешто што оние што ја создадоа нашата нација знаеја, лично верувам, дека не постоело.
Затоа што не постои навистина совршена заедница. Битен е стремежот, истрајната посветеност да се подобриме и да ја третираме демократијата не како статична состојба на битието, туку како постојана напорна работа. Таа потрага продолжува до ден-денес, додека се соочуваме со стари и нови предизвици во Соединетите Држави.
Така е и со нашата унија, пријателството и партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и С. Македонија. Никогаш нема да ја постигнеме неостварливата „совршена“ унија. Но, принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме – не сами, туку заедно – ќе ја водат нашата унија напред, во напорното стремење кон напредок, просперитет и безбедност.
Нашиот втор претседател и татко-основач, Џон Адамс, рече: „Секогаш стои на принципот, дури и ако стоиш сам“. Но, нашите две нации никогаш не треба да стојат сами. Принципите на кои сите ни се драги ќе не обединат, како и секогаш. Заедно ќе се стремиме кон овие идеали и ќе ги славиме вашите победи, како што вие вечерва помагате да ја прославиме нашата независност.
Додека размислуваме за таа независност, јас сум исто така изненадена од убедувањето дека демократијата не се гради сама. Независните нации не достигнуваат успех сами. САД се подобри, посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници. Имаме партнери. Затоа што имаме пријатели – пријатели како вас, како земјата С. Македонија.
Ви благодариме повторно што ни се придруживте оваа вечер – за нашето пријателство, нашето партнерство и заедницата што ја делиме. Господ да ја благослови Америка и Господ да ја благослови Република С. Македонија.