Амбасадата на САД на својот официјален профил на Фејсбук објави изјава на амбасадорката Ангела П. Агелер, за прогласувањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за непожелна личност во САД.
„Амбасадорката Ангела П. Агелер: Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем кој ќе ги смета за одговорност. САД ќе продолжат да повикуваат секој – без оглед на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Северна“, пишува во објавата на Амбасадата на САД.
Стејт департментот на САД реши градоначалникот на Струга Рамиз Мерко да го прогласи за непожелна личност за влез во САД „поради неговата вмешаност во значителна корупција“.
Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси.
Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.
Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењење на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во изјавата.
Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.Стејт департментот на САД реши градоначалникот на Струга Рамиз Мерко да го прогласи за непожелна личност за влез во САД „поради неговата вмешаност во значителна корупција“.
Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси.
Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.
Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењење на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во изјавата.
Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.