Зборувајќи за минатонеделното ставање лица и компании на „црната листа“ на САД, Агелер во интервју за телевизија Телма, вели дека е интересно тоа што секој пат кога назначуваат луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговара, вели: „Се разбира“.

– Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава, нагласува Агелер.

Во назначувањата кои ги видовме досега, посочува амаериканската амбасадорка, корупцијата нема тенденција да остане во една држава.

-Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот, изјави Агелер.

Агелер, меѓу другото, во интервјуто нагласи дека САД и амбасадата на САД работат многу посветено повеќе од 30 години, да го поддржат судството, на сите нивоа.

– Силно и јасно сме посветени на поддршката на институцијата, на правосудството, а не само на поединечен судија. Врховниот суд за оваа земја, и за мојата е неверојатно моќен симбол, тоа е „последниот бедем“, како што велиме ние, и од она што го дискутирав со судиите е колку е важно за сите нив, индивидуално и како тело да го следат правото кога ги донесуваат одлуките, за луѓето во оваа земја да разберат, како и зошто се носат тие одлуки, изјави Агелер.