-Морам да признам јас немам некои од тие технички одговори. Но, можам да кажам дека тоа е дел од овој посебен Закон, тој ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани со некои од овие активности за кои лицата се санкционирани според овој Законот за финансии и може да биде утврдено дека биле поврзани. Тоа значи дека нивните средства се замрзнати или блокирани, како што рекоа. Како што повеќето од вас знаат, голем дел од меѓународното банкарство се поминува низ САД, низ најголемите банки во САД. Значи последиците се многу големи. Какви ќе бидат вистинските последици тука, не знам, искрено сметам дека нема да знаеме уште некое време“, изјави денеска американската амбасадорка Агелер на прашањето дали Камчев ќе може да управува со сметките и фирмите во земјава, а пренесе Телма.
Неговата номинација е со предзнак финансиски криминал и е под повисок ранг како и нему слични примери на пратеници и функционери од Србија и од Бугарија. Но, САД не застанува на Рамиз Мерко и Јордан Камчев, потврди Агелер.
„Ова е процес кој сè уште трае и не можам да кажам кој е следен, бидејќи буквално и јас не знам. Процесот се води во Вашингтон, во министерствата за финансии, трговија и многу е прецизен, внимателен законски процес кој се води за да се осигура дека постојат докази за да се потврди оваа номинација. Ова е многу сериозна номинација која ја води министерството за финансии и се однесува на многу широка финансиска и сопственичка импликација за поединците кои се на листата. И ова не е нешто едноставно, туку се прави многу внимателно и опсежно, и ќе кажам дека за некое време ние овде во комуникација со претпоставени во Вашингтон кои работат на оваа проблематика ќе соопштиме за други индивидуи и организации кои се разгледуваат,“ одговори Агелер.
Пораката на Агелер на денешната прва официјална прес-конференција на темата „Црна листа“ е дека Вашингтон не упаѓа и не апси во земјава. Таквата привилегија и законска можност е исклучиво на обвинителстовто и судовите во земјава кои Агелер ги охрабри да продолжат да истражуваат за да можат и САД и ЕУ полесно да даваат поддршка во борбата против корупцијата и криминалот. Агелер истакна дека овие номинации не се базирани на разгвори туку на цврсти докази и факти против поединци кои се огрешиле пред граѓаните на Македонија.