Агенцијата наОН за палестински бегалци (УНРВА) објави дека повеќе од 100 нејзини вработени се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.
„Уништени сме што потврдуваме дека повеќе од 100 колеги од УНРВА загинаа за еден месец. Родители, наставници, медицински сестри, лекари, помошен персонал. УНРВА е во жалост, Палестинците се во жалост, Израелците се во жалост. Како може да заврши таа трагедија. Сега е потребен хуманитарен прекин на огнот“, напиша шефот на агенцијата Филип Лазарини на X.
На својата веб-страница УНРВА наведува дека точниот број на загинати е 101. Во понеделник агенцијата ќе им оддаде почит со едноминутно молчење во сите свои центри низ светот, објави Си-Ен-Ен.
„Генералниот секретар го повика персоналот на едноминутно молчење и знамињата на ОН ќе бидат на половина копје“, изјави портпаролот на организацијата во Женева, Роландо Гомез.